Фази 

 

 

ФАЗА 0
ЗЕЛЕНО НИВО БУДНОСТ
1. 11. - 30. 03. Системот за најава на ладно (АЛЕРТ- систем) е активен. При секое пречекорување
на прагот одговорните лица добиваат известување по смс и преку електронска пошта.

Акции
Одговорни институции

 

Акција бр. 1: Активирање на системот за најава на студени бранови на Управата за хидро – метеоролошки работи

 

1.   Управа за хидрометеоролошки работи,
2.   Институтот  за јавно здравје на Р. Македонија

 

Акција бр. 2: Дистрибуција на едукативниот материјал согласно изготвен план за дистрибуција за време на подготвителната фаза.

 

1.   Министерство за здравство
2.   Институтот за јавно здравје на Р. М
во соработка со Црвен крст на РМ
3.  10-те центри за јавно здравје и Институтот за трудова медицина

 

Акција бр.3: Соопштение до јавноста, со цел информирање за претстојните активности за заштита на здравјето од студени бранови и потсетување на општите мерки на заштита, како и за функционирањето на СОС телефонската линија.

 

1. Комисија за следење на ефектите од студеното време врз здравјето на населението при Министерството за здравство

 

Акција бр.4: Објавување информации за заштитата на здравјето од студените бранови на интернет страниците
наодговорните институции, со цел потсетување и подигнување на свесноста за неопходните мерки.

 

1.   Министерство за здравство
2.   Институтот за јавно здравје на РМ
3.   10-те центри за јавно здравје
4.   Институт за медицина на труд на РМ
5.   Министерство за труд и социјални работи
6.   Министерство за образование
7.   Црвен крст на РМ
8.   Локалната самоуправа

 

Акција бр. 5:
За време на целиот период (ноември - март) да се активира процесот на:
а) Собирање податоци  за бројот на смртни случаи во Скопје, според полот и возраста.
б) Дневно  следење на бројот на повици кон службите за  итна  медицинска помош  во дефинирани  градови, нивно  групирање по симптоми
в) Метеоролошки податоци од интерес

 

1.   Институтот за јавно здравје на РМ
2.   Служби за итна медицинска помош
3.   Управа за хидрометеоролошки работи
4.   Центар за управување со кризи

 

Акција бр.6:
Подготовка на протоколи за постапување во
Министерствата
Доставување на дописите изготвени во подготвителната фаза кон средината на октомври, секоја година и тоа:
а) Допис доставен до сите јавни и приватни здравствени установи, образовни установи, пензионерски домови, геријатриски институции, за акции кои во услови на студени бранови треба да ги преземат за да се гарантира адекватна поддршка.
б) Допис доставен до секој матичен лекар за мерките и активностите кои треба да ги преземе кон своите пациенти за намалување на ризикот од топлина.
в) Допис доставен до службите за трудова медицина и до трудовата инспекција за мерките кои се однесуваат на заштитата на здравјето на работниците.
г) Допис доставен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат со цел информирање за мерките кои се спроведуваат во здравствените институции и за воспоставување контрола над истите.
д) Допис доставен до итните медицински служби, во градовите каде што се прибираат информации за бројот на повици по дневна основа, за продолжување на активноста,
за ставање во функција на интернет конекциите итн. како и за техничката подготовка за одговор на студени бранови. е) Допис до службите за трудова медицина
и трудова инспекција за мерките кои се однесуваат на заштитата на здравјето на работниците.

 

1. Министерство за здравство
2. Институтот за јавно здравје на Р. Македонија
3. Институт по медицина на труд
4. Министерство за труд и социјална политика
5. Министерство за образование
6. Министерство за локална самоуправа