Фази

 

Акции

 

Одговорни институции

 

ФАЗА 1
ЖОЛТО НИВО- ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ТЕМПЕРАТУРИ

 

Оваа фаза станува активна кога ќе бидат надминати температурните граници за жолта
фаза

 

Акција бр. 1: Објавување на препораките до јавноста преку медиумите, со посебен акцент на најранливите групи.

 

На национално ниво:
1. Комисија за следење на ефектите од студеното време врз здравјето на населението при Министерството за здравство
На локално ниво:
1. Центри за јавно здравје

 

Акција бр. 2: Налог за активирање на општите и на специфичните мерки, доставен до здравствените, образовните и социјалните установи со цел редуцирање на ризиците од студеното време за најранливите популациони групи.

 

1.     Министество за здравство
2.     Институт за јавно здравје на Р. Македонија
3.     Министерство за труд и социјална политика
4.     Министерсво за образование и наука
5.     Министерство за локална самоуправа

 

Акција бр. 3: Примена на поактивен пристап наменет кон старите осамени лица и социјално изолираните лица и кон бездомниците, преку домашни посети со помош на активисти на Црвениот крст и вклучување на локалната самоуправа и на центрите за социјални грижи, согласно со планираното во подготвителната фаза.

 

1.     Црвен крст на Р. Македонија
2.     Локална самоуправа
3.     Министерство за труд и социјална политика
4.     Институтот  за јавно здравје на Р. Македонија
5.          Здравствени домови - поливалентна патронажа

 

Акција бр.4: Помош на ранливите групи (стари и осамени лица) при обезбедување огрев, храна, лекови.

 

1.   Црвен крст на РМ