ФАЗА 3
ЦРВЕНО НИВО ЕКСТРЕМНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Оваа фаза станува активна кога ќе бидат надминати температурните граници за црвена фаза.

Акции
Одговорни институции

 

Акција бр.1: Преземање специфични мерки од социјалните служби во однос на заштитата на најранливите лица со цел да им се обезбеди адекватно внимание.

 

1.     Центар за управување со кризи
2.     Црвен крст на Р. Македонија
3.     Локална самоуправа
4.     Министерство за труд и социјална политика
5.   Министерство за здравство

 

Акција бр.2: Анализа и проценка на потребата за грижа кон населението од руралните средини, доколку е отсечено поради лошите временски услови.

 

1.     Министерство за здравство,
2.     Министерство за труд и социјална политика, Центри за социјална работа
3.     Министерство за транспорт и врски
4.     Локална самоуправа

 

Акција бр.3: Обезбедување проодност на транспортната инфраструктура и чистење на тротоарите и патеките.

 

1.   Министерство за транспорт и врски
2.   Локална самоуправа
3.   Министерство за внатрешни работи

 

Акција бр.4: Преземање мерки за заштита на здравјето во услови на аерозагадување, поврзано со студените бранови и со студеното време.

 

1.   МЖСПП
2.   Локална самоуправа
3.   Министерство за здравство
4.    Министерство за внатрешни работи

 

Акција бр 5: Преземање акции насочени кон специфичните ранливи групи како што се бездомниците и децата на улица
Помош при дотур на храна и лекови, огрев или здравствена помош на социјално згрозените лица.

 

1.   Министерство за труд и социјална политика
2.   Црвен крст на Р. Македонија
3.   Локална самоуправа

 

Акција  бр 6: Обезбедување прифатилишта за бездомниците и инивно активирање.

 

1.   Министерство за труд и социјална политика
2.   Црвен крст на Р. Македонија
3.  Локална самоуправа

 

Акција бр 7: Преземање  акции насочени кон специфичните ранливи групи како што се старите лица кои живеат сами и лицата со попреченост во психичкиот и физичкиот развој (лица со посебни потреби)

 

1.   Министерство за труд и социјална политика
2.   Црвен крст на Р. Македонија
3.   Локална самоуправа

 

 

Акција бр. 8: Предлагање  дополнителни мерки за разгледување од Владата во однос на работното  време, за одредени сектори каде не се нарушува работниот и образовниот
процес во контекст на заштита на здравјето на луѓето, вклучително и ослободување
одработните обврски на најранливите групи на населението.. Ваквите мерки ќе се разгледуваат поединечно и специфично за областите зафатени со студени бранови и со студено време.

 

1.     ЦУК
2.     Надележни Министерства
3.     Локална самоуправа

 

Акција бр. 9: Постојани соопштенија, прес- конференции преку јавните медиуми за состојбата на опасност.

 

1.   Министерство за здравство
2.   УХМР
3.   ЦУК

 

 

Акција бр 10. По потреба, прогласување кризна состојба и постапување во услови на кризна состојба.

 

1.   ЦУК
2.   Влада на РМ