Постапка за прогласување кризна состојба

        Во случај на појава на кризна состојба Центарот за управување со кризи свикува итна седницана Групата за проценка (од ЦУК) со цел донесување заклучоци за преземање на потребните меркии активности од надлежните субјекти. Групата за проценка ги разгледува сите сознанија, информации и извештаи за конкретната состојба. Врз основа на наведените проценки до Управувачкиот комитет (тело на Владата за координација и управување со системот за управување со кризи кое го сочинуваат министрите за внатрешни работи, за здравство, за транспорт и врски, за одбрана, за надворешни работи и Раководителот на групата за процена), по потреба, во работата може да се вклучат и други функционери. Управувачкиот комитет, имајќи ги предвид сите сознанија за настанатата состојба во Република Македонија и Предлогот на Групата за проценка, ја известува Владата на Република Македонија за одредената состојба или и предлага прогласување на кризна состојба. Врз основа на заклучоците на Управувачкиот комитет, Владата на Република Македонија,на итна седница, донесува Одлука за прогласување кризна состојба на загрозеното подрачје и за ангажирање на сите расположиви човечки и материјални ресурси за отстранување на последиците од истата. По донесувањето на Одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој треба да биде во постојано заседавање.