Протокол за спроведување на известувањето за студен бран и студено време во центрите за јавно здравје

  • 1. Согласно со Здравствениот акциски план за превенирање на последиците од студените бранови врз здравјето на луѓето во Република Македонија, одговорните лица во Центрите за јавно здравје, веднаш по добивањето на најавата треба да воспостават директна комуникација со подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи (тел. 195) за да ѓи координираат активностите на локално ниво.
    • 2. Да се достави следново соопштение до сите локални медиуми:
    • Според најавата на УХМР, утре и/или во деновите кои доаѓаат се очекуваат ниски температури во градовите: __________________________ што претставува потенцијална опасност за здравјето на луѓето, а согласно Здравствениот акциски план за превенирање на последиците од студените бранови врз здравјето на луѓето во Република Македонија е класифициран како ____________ ниво/фаза со температури од ___ до ___. Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на Република Македонија и Центрите за јавно здравје ги препорачуваат следниве мерки за спречување на штетните ефекти по здравјето на населението од надворешните ниски температури (да се цитираат мерките од Соопштенијата од МЗ и ИЈЗРМ ! )
    • Одговорни институции за контактирање со локалните медиуми: Центрите за јавно здравје, во соработка со подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи
  • 3. Да се контактираат здравствените, образовните и социјалните установи, на локално ниво, и единиците за локална самоуправа, во однос на спроведувањето на утврдените мерки и препораките за раководители (да се цитираат мерките од соопштенијата од МЗ, МТСП, МОН).

    Одговорни институции: Центрите за јавно здравје во соработка со подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи,

  • 4. Да се контактираат локалните служби за медицина на труд и Државниот трудов инспекторат околу спроведувањето на препораките за заштита на здравјето на вработените во услови на студен бран, на локално ниво.
  • 5. Да се контактираат локалните Служби за итна медицинска помош за добивање податоци за бројот на повици и интервенции по дијагнози за време на студените бранови и студено време.

    Одговорна институција:

    Центар за јавно здравје

    Служби за итна медицинска помош

  • 6. Да се контактираат општините, подрачните центри за социјална работа и Црвениот крст со цел надзор над примената на проактивен пристап кон старите осамени лица и социјално исклучените лица и бездомниците.

    Одговорна институција:

    Центрите за јавно здравје во соработка со подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи и центрите за социјална работа

  • 7. Центрите за јавно здравје потребно е да ги воспостават овие контакти за време на подготвителната фаза во рамки на Планов (во текот на октомври секоја година) и истите повторно да ги контактираат по добивањето на најавата за студен бран и студено време.

    Одговорна институција:

    Центар за јавно здравје

  • 8. Да се подготви извештај со повратна информација за сите спроведени активности од точките 1-6, 48 часа по завршувањето на студеното време и студениот бран и да се достави до Претседателот на Комисијата за следење на негативните влијанија од ниските температури.

    Е-маил: jovanka.kostovska@zdravstvo.gov.mk

    Одговорна институција:

    Центар за јавно здравје