Протокол на Министерството за здравство за спроведување на известување за студен бран

  • Согласно со“Aкциониот план за превенирање на влијанијата и последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на луѓето во Република Македонија”, следниве лица во Министерството за здравство се одговорни да ги спроведуваат активностите предвидени за сите 4 фази во рамки на Планот, во соработка со Комисијата за следење на ефектите од ниските температури:
    • 1. Раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита, или назначена замена во случај на годишен одмор или отсуство;

    • 2. Раководител на Сектор за примарна здравствена заштита или назначена замена во случај на годишен одмор или отсуство;

    • 3. Раководител на Сектор за болничка здравствена заштита или назначена замена во случај на годишен одмор или отсуство;

    • 4. Раководител на Сектор за вонредни и кризни состојби или назначена замена во случај на годишен одмор или отсуство;

    • 5. Одделение за односи со јавноста.

      • Активностите започнуваат секоја година во ноември, кога отпочнуваат и се спроведуваат подготвителните активности за превенција од студените бранови и се спроведуваат согласно со акциите предвидени во 4-те фази во рамки на Планов.

        Сите дописи, наредби и инструкции се подготвуваат од Комисијата за следење на ефектите од ниските температури при Министерството за здравство, во соработка и со поддршка од горенаведените сектори. Истите се доставуваат до надлежните здравствени институции преку одговорните горенаведени сектори, а до останатите институции (кои не припаѓаат на здравствениот сектор) се доставуваат преку ресорните министерства и институции, наведени како одговорни во Планов.

    • Проток на информации за време на студен бран и студено време:
      • 1. Комуникацијата со медиумите е во надлежност на Одделението за односи со јавноста при Министерството за здравство. При најава за студен бран Одделението за односи со јавноста при Министерството за здравство е должно веднаш да стапи во контакт со Претседателот на Комисијата за следење на ефектите од ниските температури (или со негова назначена замена во случај на годишен одмор или отсуство), со цел- координираност.
      • 2. Сите дополнителни дописи, наредби и инструкции се доставуваат до надлежните здравствени институции преку одговорните горенаведени Сектори.
      • 3. Повратните информации за спроведените активности и за состојбата на теренот од здравствените институции се доставуваат преку Центрите за јавно здравје до Институтот за јавно здравје на РМ, а Институтот за јавно здравје на РМ ги доставува до Претседателот на Комисијата за следење на ефектите од ниските температури при Министерството за здравство, една седмица по завршувањето на студениот бран.
      • 4. Повратните информации за спроведените активности и за состојбата на теренот од останатите надлежни Министерства и институции се доставуваат до Претседателот на Комисијата за следење на ефектите од ниските температури при Министерството за здравство, една седмица по завршувањето на студениот бран.
      • 5. Повратните информации се сумираат во Финален извештај на Комисијата за следење на ефектите од ниските температури при Министерството за здравство, заклучно до 15 април секоја година.
      • 6. Сите сумирани извештаи се анализираат по завршувањето на периодот на следење, за време на евалуацијата на спроведувањето на Планов.
    • Клучни одговорни тела и лица во Министерството за здравство:
      • 1. Раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита (назначена замена во случај на отсуство).
      • 2. Раководител на Сектор за примарна здравствена заштита (назначена замена во случај на отсуство).
      • 3. Раководител на Сектор за болничка здравствена заштита (назначена замена во случај на отсуство).
      • 4. Раководител на Сектор за вонредни и кризни состојби (назначена замена во случај на отсуство).
      • 5. Одделение за односи со јавноста.
    • Клучни одговорни лица во Институтот за јавно здравје на РМ:

      Национален координатор за климатски промени (назначена замена во случај на годишен одмор или отсуство).

      Секое од наведениве одговорни лица е должно да назначи своја замена во случај на отсуство!!!