Протокол на Министерството за труд и социјална политикиа за спроведување на известување во случај на студен бран

  • Согласно со “Aкциониот план за превенирање на влијанијата и последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на луѓето во Република Македонија”, следниве лица во Министерството за труд и социјална политика се одговорни да дени за сите 4 фази во рамки на Планот, во соработка со Комисијата ниските температури:
    • 1. Раководител на Сектор за заштита на децата, или назначена замена во случај на годишен одмор или отсуство;

      2. Раководител на Сектор за социјална заштита или назначена замена во случај на годишен одмор или отсуство;

      3. Сектор за безбедност и здравје при работа (ДИТ) или назначена замена во случај на годишен одмор или отсуство

      4. Одделение за односи со јавноста.

    • Активностите започнуваат секоја година во ноември, кога се отпочнуваат и се спроведуваат подготвителни активности за превенција од студени бранови и се спроведуваат согласно со акциите предвидени во 4-те фази во рамки на Планот.

    • Сите дописи, нардби и инструкции се подготвуваат од Комисијата за следење на ефектите од ниски температури при Министерството за здравство, во соработка и со подршка од горенаведените сектори. Истите се доставуваа до надлежните социјални установи, со установите за згрижување на деца и ДИТ, преку одговорните горенаведени сектори.

    • Проток на информации за време на студен бран и студено време:

      • 1. Комуникацијата со медиумите е во надлежност на Одделението за односи со јавноста при Министерството за труд и социјална политика. При најава на студен бран Одделението за односи со јавноста при Министерството за труд и социјална политика е должно веднаш да стапи во контакт со Одделението при Министерството за здравство и со Претседателот на комисијата за следење на ефектите од ниските температури, заради координирање на изјавите(или со негова назначена замена во случај на годишен одмор или отсуство), со цел- координираност.

        2. Сите дополнителни дописи, наредби и инструкции се доставуваат до надлежните социјални установи, до установите за згрижување деца и ДИТ, преку одговорните горенаведени сектори.

        3. Повратните информации за спроведените активности и за состојбата на теренот од социјалните установи, установите за заштите на децата и ДИТ, се доставуваат до Министерството за труд и социјална политика. МТСП овие информации ги доставува до Претседателот на комисијата за следење на ефектите од ниските температури при Министерството за здравство, една седмица по завршување на студениот бран.

        4. Сите сумирани извештаи се анализираат по завршувањето на периодот на следење, за време на евалуацијата на спроведувањето на Планот

    • Клучни одговорни тела и лица во Министерство за труд:
      • 1. Сектор за заштита на децата
        • а. Вера Петровска – одговорно лице.

          б. Олга Богатинова – замена на одговорно лице.

      • 2. Сектор за социјална заштита
        • а. Ирена Тодоровска – одговорно лице.

          б. Душан Томшиќ – замена на одговорно лице.

      • 3. Сектор за безбедност и здравје при работа (ДИТ)
        • а. Горан Поповски – одговорно лице.

          б. Слаѓана Андоновска – замена на одговорно лице.

      • 4. Одделение за односи со јавноста
        • а. Давор Политов – одговорно лице.

          б. Жаклина Величковска – замена на одговорно лице.

    • Во услови на најава на студен бран Државниот инспекторат за труд –Сектор за безбедност и здравје при работа е во постојана комуникација со Институтот за медицина на труд.